ВИДЕО | Во Египет откриен потонат древен град стар повеќе од 2.000 години
Египетските власти открија делови од потонат град откриен покрај брегот на Александрија, а пронајдени се згради, артефакти и пристаниште изградено пред повеќе од 2.000 години.
Препорачано
Како што навеле официјалните лица, градот, сместен во водите на заливот Абу Кир, би можел да биде продолжение на древниот град Канопус, кој бил важен центар во времето на династијата Птоломеј која владеела со Египет речиси 300 години, како и на Римското царство кое владеело со земјата околу 600 години, објави „Гардијан“.
Artefacts include a quartz sphinx statue bearing the sigil of Rameses II pic.twitter.com/EJFPJOqslK
— The National (@TheNationalNews) August 21, 2025
Со текот на времето, градот потонал поради земјотреси и зголемување на нивоата на морето.
Крановите полека ги извлекувале статуите од длабочините, а некои од нив прикажуваат кралски личности и сфинги, од кои едната го носи ликот на Рамзес Втори, еден од најпознатите фараони.
На оваа локација се пронајдени и трговски брод, камени сидра, како и пристаниште долго 125 метри кое се користело до периодот на Византија.
Египетскиот министер за туризам, Шериф Фати, изјавил дека многу нешта се наоѓаат под водата, но дека може на површината да се извлече само ограничен дел од сето тоа.
– Остатокот ќе продолжи да биде дел од нашето потонато наследство – порачал тој.
Artefacts include a quartz sphinx statue bearing the sigil of Rameses II pic.twitter.com/EJFPJOqslK
— The National (@TheNationalNews) August 21, 2025


