ВИДЕО | Вештачката интелигенција е новиот Климт: „Насликани“ мачиња на познати уметнички дела

Фото: Wikimedia/ Instagram/ Vienna Tourist Board

За својата нова кампања, „Виенскиот туристички одбор“ ја употреби вештачката интелигенција иронично да трансформира некои од најпознатите уметнички дела во музеите на австриската престолнина, со цел да ја привлече јавноста да види како всушност изгледаат оригиналните дела, пишува „Артнет“.

Преку вештачката интелигенција, „новите“ уметнички дела се насликани со мачки, па така двојката во „Бакнежот“ на Густав Климт е претставен како пар мачки кои нежно се држат еден со друг, Егон Шиле во својот автопортрет е прикажан како намуртена мачка, а „Вавилонската кула“ на Питер Бројгел Постариот е населена со многу мачки. Сепак, во кампањата им се обраќаат на врвните уметници, со извинување за трансформацијата на нивните ремек-дела.

„Кампањата има цел да покаже дека уметноста со вештачка интелигенција е можна само затоа што алгоритамот поседува податоци од оригиналните дела направени од вистински луѓе, кои може да се видат во музеите во Виена. Движењето на виенскиот модернизам, кое го револуционизираше уметничкиот свет пред повеќе од еден век, продолжува да живее и да влијае на денешната уметност, но овој пат преку алгоритмите што ги водат креациите со вештачка интелигенција“., вели во промотивното видео извршниот директор на Виенскиот туристички одбор, Норберт Кетнер.

Како глобална престолнина на уметноста, музиката и културата, Виена е веќе подготвена да биде и лидер во новата и авангардна технологија поврзана со уметноста, а оваа кампања со мачиња е само почеток. Едни од најпознатите и најважните уметнички дела во историјата на уметноста кои се изложени во музеите, се доказ колку се потребни за вештачката уметност да биде возможна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот