ВИДЕО | Велковска: Има сомнеж за криминал при продажбата на земјиштето кај Холидеј Ин – ЈО мора да реагира

Драгана Велковска / Утрински брифинг
Драгана Велковска / Утрински брифинг

И покрај низата реакции на граѓани и институционални превирања паркингот кај Холидеј Ин почна да го менува својот лик, да станува минато.

Во тек се градежни активности, поставена е заштитна ограда, а инвеститорот МГ ФЕШН ДОО пред десетина дена најави дека почнува изградбата на комплексот „Гранд“ во Ново Маало и покрај тоа што на иницијатива на Државната комисија за спречување корупција покрената е предистражна постапка од страна на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Сомнежот е дека во нетранспарентна постапка оштетен е буџетот на државата и дека се гради нелегално.

За почетокот на изградбата на висококатниците во централното градско подрачје веднаш гласот го кренаа иницијативите и здруженијата на граѓани кои обвинуваат дека за нечии бизнис интереси на градот ќе му се зададе сериозен удар.

Потсетуваат дека во Македонија годишно умираат повеќе од 3.500 луѓе како последица на загаден воздух.

Ако се дозволи изградбата на овие висококатници велат уште повеќе ќе се спречи струењето на воздухот што ќе резултира со уште поголемо негово загадување и дополнително ќе се влоши квалитетот на живот во центарот на Скопје.

На оваа тема во Утрински брифнг разговаравме со Драгана Велковска членка на Советот на Град Скопје.

-Во нашите барања од протестот евидентно е дека ЈО институцијата која во моментов и надлежност и можност да го стопира криминалното градење, за кое и според ДКСК постои сомнеж и оттука бараме ЈО да го заштити јавниот интерес, односно да не дозволи да се префрла топка од една кон друга институција, вели Велковска.

-Ако сакаме да живееме во земја каде што владее правото и во замеја каде што на луѓето не им е прв приоритет да се иселат, тогаш ЈО мора да постапи по овој случај и не смее да ја одолговлекува постапката, вели таа. -Објавивме и рок од 48 часа во кои баравме и тие и државниот инспекторат за градежништво и урбанизам да се произнесат, но тоа не се случи.

-Поради тоа го организираме овој протест и очекуваме дека на овој начин и ќе создадемепритисок врз институциите, но и деќа ќе може јавноста да се информира на кој начин функционираат институциите во Македонија, вели Велковска за Утрински брифинг.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот