ВИДЕО: Важноста за здравствената едукација како превенција од несакани последици, разговор со Д-р Митов

Комбинацијата од формално и неформално образование заедно придонесува за подобро здравје. Кој следел епидемиологија и статистика знае дека онаму каде што има поголемо образование на населението, општиот морбилитет е многу понизок. Тоа едно зголемено ниво на свесност за тоа што правиме за сопственото здравје на долг рок се покажува дека драматично влијае, истакна во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ д-р Александар Митов.

-Каде бевме пред година и каде сме сега? Пред една година кога видов што се случува во Кина, пишав еден обичен статус за тоа како правилно се кива. Во Британија имаше долги години кампања е дека правилно кивање е во ракав. Имаше разно-разни коментари, не бивајќи свесни какво влијание едно обично кивање ќе има на околината. И сега се покажува колку е важно земјите да вложуваат во здравствената едукација, изјави д-р Александар Митов.

Ова е само еден мал пример за важноста од здравствената едукација, вели Митов, ние имаме навика ако еднаш сме го направиле нешто во изминативе 10-15 години кажуваме готово, доста е.

-Во Велика Британија вие каде и да влезете, во студентски дом, библиотека ќе видите кадо во тоалетите има кратко упатство како требад а се мијат рацете. Значи здравствените кампањи не престануваат. Тие треба да почнат од предшколска возраст, високо образование и да продолжат понатаму. Здравствената едукација и кампањи траат цел живот. За да се одржи високото ниво на здравствена култура мора максимално да се вложува. На пример Финска за 30 години за 85% ја имаат намалено смртноста од срце. Како? Преку едукација на населението. Значи не мора да се работи на за некоја современа технологија, туку само за добро образование, додава Д-р Митов.

Целиот разговор со Д-р Александар Митов погледнете го во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот