ВИДЕО: Варди за важен бод на Лестер на гостувањето против Лидс

фото: EPA-EFE/Michael Regan/POOL

Фудбалерите на Лидс и Лестер ремизираа 1:1 во натпреварот од 33 коло во Премиер лигата. Во дербито на екипите кои се борат за опстанок домаќините беа поблиску до победата, но Варди со погодокот во финишот им донесе бод на „лисиците“.

Во текот на првото полувреме гостинскиот играч Тилеманс постигна гол, но истиот беше поништен поради офсајд.

Водечкиот гол за домашните фудбалери беше реализиран во 20 минута кога Харисон асистираше до Синистера кој стрелаше прецизно во мрежата на Иверсен.

Лидс (30 бодови) и Лестер (29) и натаму остануваат „безбедни“, а сега ги чекаат натпреварите на Евертон (28), Нотингем (27) и Саутемптон (24) кои се во опасната зона за испаѓање.

Се одиграа уште два меча во вторникот, Вулверхемптон со 2:0 го совлада Кристал палас, додека Астон вила минимално славеше над Фулам (1:0).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот