ВИДЕО | УТМС ги стипендира најдобрите 15 ученици од општините во Македонија

Универзитетот за туризам и менаџмент доделува по 15 стипендии за секоја општина во Македонија. Општините имаат обврска стипендиите да ги пренесат на најдобрите средношколци од општината.

– Со тоа сакаме да упатиме порака дека иднината е во младите и дека во нив треба да се инвестира, а со тоа и на некој начин да се стимулираат да останат во државата наместо да се иселуваат, рече за Утрински брифинг асистентот и координатор на кампањата за доделување стипендии, Љупче Миленковски.

– На секоја од општините и се доделени по 15 стипендии за упис на додипломски студии во академската 2022/23 година, за четиригодишни студии на  Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, кој ги  нуди следниве студии: економски факултет, факултет за туризам, меѓународен маркетинг, човечки ресурски и информатика. Условите и  критериумите за доделување на стипендијте ги оставаме на одлука на самите општини знаејќи дека тие најдобро ги знаат капацитетите и потребите на своите млади лица во својата општина. Оваа иницијатива за доделување на стипенди е од особено значење за талентираните ученици кои сакаат и кои заслужуваат да добијат  квалитетно образование, рече Даниела Трајковска, портпарол на УТМС.

Во организација на Универзитетот за туризам и менаџмент на први јуни ќе биде организиран Меѓународен форум на градоначалници.

– Темата на Форумот е „Модерна општина“ и е составен од четири модула, стратешко планирање и финансирање, човечки ресурси потенцијал и недостиг, размена на меѓународни искуства, модерна општина искуства и практики и развој на туризмот и меѓународна промоција на општините. Потврда за присуство на Форумот, покрај домашните градоначалници има и од градоначалници од Франција, Германија Словачка, Израел и Бугарија, додаде Трајковска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот