Ураган Милтон принтскрин ИКС

ВИДЕО| Ураганот Милтон го вшмукува морето

Најсилниот ураган во последните сто години ја погоди Флорида. Масивниот ураган Милтон донесе бури и обилни дождови, заедно со силни налети на ветер. Невремето предизвика и бројни торнада.

Повеќе од милион луѓе се евакуирани, многу области се веќе поплавени, нивото на морето се зголемува, а забележани се и екстремни количества дожд и ветрови со брзина од 200 километри на час.

На интернет се споделува видео на кое се гледа како ураганот Милтон испушта вода од заливот Тампа. Видеото е снимено од постариот национален дописник на News Nation, Брајан Ентин.

„Ова е заливот Тампа, погледнете го ова, целата вода ја нема од заливот Тампа“, вели Ентин во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот