(ВИДЕО) Украински поморски дрон погоди руски брод
Одбранбеното разузнавање на Украина спроведе операција за уништување на рускиот брод „КС-701 Тунетс“ во близина на селото Чорноморске.
Претставниците на разузнавањето соопштија дека операцијата во која учествувале поморски дронови била спроведена ноќта меѓу 8 и 9 август.
Поморските беспилотни дронови „MAGURA V5“ на украинската специјалната единица „Група 13“ беа испратени да ги уништат руските поморски објекти на Крим.
Русите се обиделе да ги запрат украинските беспилотни пловила со помош на хеликоптери кои пукале од тешки митралези.
Сепак, поморскиот дрон успеа да се пробие до брегот на Чорноморске и да го погоди рускиот брод „Тунетс“.
„Три други чамци на напаѓачите исто така биле оштетени како резултат на операцијата. Нивниот тип се утврдува“.
Ова не е првиот „КС-701 Тунтес“ фатен на брегот на полуостровот.
Претходно два руски чамци од овој тип беа уништени од украинските разузнавачи, а уште два беа оштетени во мај годинава.
Станува збор за чамци со алуминиумски труп кои Русите во окупираниот Крим ги користат за патролирање и логистика.
„Вкупно, 18 поморски објекти на руската флота беа успешно погодени со помош на поморски дронови „MAGURA V5“ од украинско производство, 9 од нив се уништени“.
Дронот „MAGURA V5“ се контролира со специјален пренослив далечински управувач со екрани и комплет клучеви и прекинувачи.
Операторот користи камери за да ја види ситуацијата околу дронот и може да го контролира додека целта не биде погодена.
Дронот со себе може да носи до 320 килограми експлозив.