ВИДЕО: Украински хокеар суспендиран на една година поради расизам

Светот шокиран од расистичкиот гест на Андреј Денискин/Фото: Принтскрин/Youtube/WXYZ-TV Detroit | Channel 7

Дисциплинскиот одбор на Меѓународната хокеарска федерација (ИИХФ) го суспендираше украинскиот хокеар Андриј Денискин на една година поради расистички гест кон противнички играч.

Членот на украинскиот клубот Кременчук го исмејуваше дефанзивецот на Донбас, Џејлен Шмерек имитирајќи го како лупи банана.

Неговиот расистички испад го шокираше светот, а за овој потег Денискин беше казнет со суспензија од 13 натпревари, што е најголемата казна што Украинската хокеарска федерација можеше да ја изрече, а можна е и дополнителна казна од ИИХФ.

Инцидентот се случи во септември минатата година, а Денискин е казнет дури сега. ИИХФ се правдаше дека целиот процес траел подолго бидејќи по изборите во септември минатата година морало да се именува Етичкиот комитет.

– Расистичките гестови, коментари или постапки немаат место во хокејот на мраз, ниту каде било – вели Лук Тардиф, претседател на ИХФ, додавајќи дека постапките на украинскиот хокеар се целосно неприфатливи и нема да се толерираат. Иако тој веќе отслужи суспензија од 13 натпревари, советот утврди дека казната треба да се зголеми.

Шмерек во меѓувреме ја напушти Украина и сега игра во Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот