Фото: Јутјуб / принтскрин

ВИДЕО: Украински чамци-дронови го нападнаа најголемиот руски разузнавачки брод во Црното Море

Рускиот разузнавачко-разузнавачки брод „Иван Хурс“ бил нападнат од чамци без екипаж, („т.н. морски дронови“) во водите на Црното Море, на околу 140 километри по минувањето низ теснецот Босфор кај Истанбул.

Министерството за одбрана на Руската Федерација го потврди нападот на рускиот разузнавачко-извидувачки брод.

– Вооружените сили на Украина околу 5.30 часот неуспешно се обидоа да го нападнат бродот на Црноморската флота „Иван Хурс“, кој ги извршува задачите за обезбедување на гасоводот „Турски тек“ и на гасоводот „Син тек“, кои се наоѓаат во ексклузивната економска зона на Република Турција – се вели во соопштението на руското Министерство.

Русите објавија и наводна снимка од уништувањето на чамците, за кои се тврди дека се обиделе, но не успеале да извршат напад врз бродот.

Од Министерството за одбрана додаваат дека бродот продолжува со своите задачи.

– Сите непријателски морски дронови беа уништени со оган од стандардното оружје на рускиот брод на 140 километри североисточно од Босфорот. Бродот продолжува да ги исполнува своите задачи – се додава во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот