ВИДЕО | Украинска заседа на конвој руски тенкови

ФОТО : Твитер

На социјалните мрежи се шири видео во кое наводно украински тенк напаѓа цел руски конвој од оклопни возила.

Снимката наводно била направена во близина на Нова Басан. Станува збор за место на главниот пат источно од Киев, кое беше ослободено пред неколку дена од руските сили како дел од големата украинска контраофанзива.

Не е јасно кога е направена снимката. Всушност, автентичноста на снимката се уште не е потврдена ниту од руската страна ниту пак од украинската, јавуваат новинските агенции.

Сепак на видеото кое масовно се споделува на социјалните мрежи се гледа како украински тенк скриен зад неколку згради, малку подалеку од патот отвора оган врз наводно руски тенкови кои маршираат по патот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот