ВИДЕО | Тупанчески: Какви и да се резултатите од пописот, очекувам реакции и коментари

проф. д-р Никола Тупанчески, министер за правда / Утрински брифинг
проф. д-р Никола Тупанчески, министер за правда / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Во Македонија дури и ДКСК, која е светла точка во борбата против корупцијата, почна да тривијализира прашувајќи министер од каде му се парите за билет за фудбалски натпревар во Италија.

-Две компоненти се важни – дали јас службено сум патувал за Палермо и кој ги платил трошоците. За првото одговорот е не, а трошоците се платени од мојата лична трансакциска сметка, вели министерот за правда проф. Никола Тупанчески за Утрински брифинг.

Тупанчески вели дека ниедна законска ни етичка норма не е прекршена со неговото патување во Италија на фудбалски натпревар. Тој вели дека владата има етички кодекс во кој меѓу другото се дефинираат патувања на службените лица.

-Јас не сум користел буџетски средства, не сум користел службено возило, не сум користел обезбедување, а трошоците сум ги покрил сам. Јас сум голем фудбалски фан. За Португалија нема да одам оти заменикот министер нема да биде тука, па не е во ред министерството да остане така. А има чартер летови на еден ден, вели Тупанчески.

Што се однесува до работата на Министерството за правда и неговиот ресор, министерот Никола Тупанчески за Утрински брифинг вели дека перцепцијата за судскиот систем сѐ уште не е променета и дека треба да се направи нешто радикално.

-Ако се премине на тоа порота составена од граѓани да одредува нечија вина во судски процес тоа значи напуштање на конктиненталното право и префрлање на правосудниот систем на САД. Во иднина може да се размислува за создавање нов Граѓански законик кој ќе ги опфаќа сите прашања, а за тоа можеме и да ги прашаме луѓето. Сите елементи од прецедентното право може да се вклучат ако е тоа од полза во кривичниот процес, вели Тупанчески.

Новинарот Љупчо Поповски за ова вели дека стравува оти може многу полесно да се корумпира поротата одошто судијата.

-Дефинитивно треба да профункционираат телата кои имаат за цел контрола на субјектите за правораздавање, вели Тупанчески.

Во врска со пописот, од кој резултатите ќе се објават во среда навечер, министерот Тупанчески вели дека конечно по 19 години Македонија се одважи да спроведе попис и тоа е позитивно.

-Она што беше стандард на ОН и препораките на Еуростат се прифатени и нивните оценки беа дека пописот е добро спроведен. Без оглед на тоа какви ќе бидат резултатите од пописот во секој случај ќе има коментари и реакции. Но, тоа се официјални податоци, вели Тупанчески.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот