ВИДЕО: ТСЦ и Мирчевски во финишот до бод против Олимпијакос во Лига Европа

фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Во второто коло од групата „А“ во фудбалската Лига Европа денеска ТСЦ со 2:2 ремизираше против Олимпијакос.

По првото полувреме на ТСЦ Арена во Бачка Топола водеа Грците со голот на Марусас во 16 минута, а позитивата беше зголемена во 57 минута преку Поденс.

Израмни српската екипа со погодокот на Ѓаковац (63`), а гостите останаа со еден играч помалку по црвениот картон на Нтои.

Во 87 минута за ТСЦ во игра влезе македонскиот интернационалец Мартин Мирчевски, а 180 секунди подоцна конечниот епилог го постави Пантовиќ.

Вест хем во истата група славеше со 1:2 на гостувањето кај Фрајбург. На табелата води Вест хем со шест бодови, три има Фрајбург, а по еден Олимпијакос и ТСЦ.

Во другите мечеви од второто коло во Лига Европа: АЕК Атина – Ајакс 1:1, Арис – Ренџерс 2:1, Бетис – Спарта Прага 2:1, Марсеј – Брајтон 2:2, Ракув – Штурм Грац 0:1, Спортинг – Аталанта 2:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот