Фото: Student m:tel/Marija Vuruna

ВИДЕО | Тројката на Војдан за победа на МЗТ во последна секунда

Кошаркарите на МЗТ Скопје забележаа возбудлива победа над Студент со резултат 85-82 во третото коло од АБА2-лигата. Херој на натпреварот беше капитенот Војдан Стојановски, кој со тројка во последните стотинки му донесе триумф на македонскиот шампион.

Стојановски натпреварот го заврши со 20 поени, три скокови и две асистенции, покажувајќи уште еднаш зошто е лидер на тимот. Најефикасен кај МЗТ беше Мекејден со 26 поени, четири скока и три асистенции, со што значително придонесе за важната победа во регионалното натпреварување.

Преземено од: Sport.com.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот