Moнако/AS MONACO

ВИДЕО: Трката за титулата во Франција може да стане интересна, Монако го шокираше ПСЖ во Париз

Фудбалерите на Пари Сен Жермен доживеаја неочекуван пораз на домашен терен, каков што одамна не паметат во рамки на Лига 1.

На стадионот „Паркот на принцовите“ триумфираше Монако со 3-1 и на тој начин ја задржа неизвесноста во борбата за шампионската титула. Постоеше реална можност актуелниот француски и европски шампион да се одлепи на седум бода предност, но со овој пораз ситуацијата на табелата повторно се комплицира.

За ПСЖ ова е веќе четврти пораз во сезоната, што му отвора простор на Ленс со евентуална победа да се доближи на само еден бод во трката за врвот.

Гостите од кнежевството до триумфот стигнаа со головите на Магнес Аклиуш, Александар Головин и Фоларин Балогун.

Единствениот погодок за составот предводен од Луис Енрике беше дело на Бредли Баркола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот