ВИДЕО | Тревога во Истанбул: Два танкери се судрија во Мраморното Море
Во близина на населбата Флорија во Истанбул беше подигната тревога кога два танкера со азербејџански и турски знамиња испратија сигнал за помош. Инцидентот се случил во близина на брегот на Бакиркој, а надлежните власти веднаш мобилизирале спасувачки екипи, објави ТРТ Хабер.
Препорачано
Според соопштението на турското Министерство за транспорт и инфраструктура, двата танкера „дошле во контакт додека биле закотвени во областа Кучукчекмеџе. Станува збор за танкерот KALBAJAR, долг 141 метар, и танкерот ALATEPE, долг 115 метри “.
İstanbul Küçükçekmece açıklarında iki tanker henüz belirlenemeyen nedenle birbirine temas etti
141 metre boyundaki “Kalbajar” ve 115 metre boyundaki “Alatepe” isimli tankerlerin kurtarılması için çalışmalar sürüyorhttps://t.co/xBdC3xmIgJ pic.twitter.com/glZx5nnVR3
— Anadolu Ajansı (@anadoluajansi) December 30, 2025
Како што е наведено во соопштението, поради близината на бродовите до брегот и пријавата за контакт меѓу нив, на местото на настанот веднаш биле испратени екипи за спасување на копно, како и реморкер, кој припаѓал на Генералната дирекција за крајбрежна безбедност.
Досега не се пријавени информации за повредени или загадување на морето, додека надлежните служби продолжуваат да ја следат ситуацијата и да ги истражуваат околностите под кои се случил инцидентот.


