ВИДЕО | Требаше да го глуми таткото: Објавена снимката од аудицијата на Небојша Глоговац за филмот за брутално убиената Тијана Јуриќ

Фото: Инстаграм/Небојша Глоговац

Српскиот актер Небојша Глоговац нè напушти во 2018 година, по кратко и тешко боледување. Иако почина на релативно млада возраст, на 48 години, тој зад себе остави голем број успешни проекти и улоги по кои ќе биде запаметен кај љубителите на квалитетната кинематографија.

Глоговац сакал да биде дел од филмот „48 часа и 1 минута“, посветен на трагичниот случај на Тијана Јуриќ, и бил на аудиција за ликот на таткото на брутално убиената тинејџерка. За жал, иако ја добил улогата, актерот не успеа да ја оствари својата желба поради влошеното здравје.

Фото: Инстаграм/„48 часа и 1 минута“

Режисерката на филмот Сања Рајачиќ, попозната по уметничкото име Соња Алекса, истакна дека Глоговац дошол на аудицијата и предизвикал лавина од емоции уште во првите секунди.

„Човекот дојде на аудиција затоа што сакаше да биде дел од тој филм. Кога влезе во просторијата, по десет секунди излезе на сцената и почна да глуми. Сите почнавме да плачеме, верувајте. Плачеше дури и продуцентот, кој никогаш во животот не сум го видела да плаче. Сепак, се случи тоа што се случи, а на негово место дојде актерот Марко Живиќ“, изјави таа за медиумите.

Непосредно пред премиерата на филмот, која ќе се случи на 21 март, објавена е снимка од аудицијата на Глоговац.

„Ви благодарам! Ви благодарам што вака го оживеавте нашето дело на самата аудиција. Не ни се оствари желбата да глумиме заедно во кадар, но вие сè уште сте дел од овој проект, од оваа борба за сигурноста на нашите деца“, пишува во описот на видеото.

Овој филм е инспириран од случајот на 15-годишната Тијана Јуриќ, која беше киднапирана, мачена и брутално убиена во 2014 година.

Филмот, чиешто сценарио им е доверено на истакнати актери од српската сцена, е посветен на девојчето чија трагична смрт пред точно десет години ја разбранува регионалната јавност.

Според најавата, филмот „48 часа и 1 минута“ има за цел да ја искористи уметноста како алатка за подигање на свеста за исчезнатите и киднапираните деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот