Доналд Трамп, Дејна Перино - Фото: Принтксрин/Јутјуб

ВИДЕО | Трамп среде интервју флертуваше со водителката на „Фокс њуз“ – „Се сеќаваш ли кога ручавме во Трамп кулата?“

За време на телефонското вклучување во емисијата на телевизијата „Фокс Њуз“, поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, приреди уште еден бизарен момент кога наместо да одговори на прашање за ситуацијата во Иран, почна да ѝ дели комплименти на водителката Дана Перино. Кога Перино го запраша дали има информации за тоа дали народот во Иран гладува поради војната, Трамп одговори потврдно, но веднаш ја смени темата:

„Се сеќаваш ли кога ручавме пред многу години во Трамп кулата? Не си се променила. Не смеам да го кажам ова, ќе ми ја уништи политичката кариера, но можеби си и поубава сега? Не знам што правиш, но изгледаш одлично“, изјави Трамп низ насмевка.

Водителката (53), која инаку е во брак, на шега одговори дека за тоа се заслужни шминката и бојата на косата, на што Трамп додаде дека „денес веќе не е дозволено да се каже дека жената е убава“.

Ова не е првпат Трамп да има непристојни коментари кон жените од медиумите. Претходно ја нарече новинарката на „Њујорк тајмс“ „грда“, додека на новинарка од „Блумберг“ ѝ порача да „молчи“ кога го праша за досиејата на Епстин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот