Трамп во авион - Извор Х

ВИДЕО | Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е сигурен дали ќе влезе во рајот, но нагласи дека им го подобрил животот на многу луѓе. Коментарот доаѓа по значајниот дипломатски потег што резултираше со ослободување на последните заложници на Хамас.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е сигурен дека ќе може да влезе во рајот, но додаде дека „на многумина им го направил животот подобар“, објави американскиот портал Unilad. Изјавата ја даде во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“ по потпишувањето на мировниот договор за Газа и ослободувањето на последните 20 заложници што ги држеше Хамас.

„Малку се шегувам. Мислам дека ништо нема да ме одведе во рајот. Можеби не сум предодреден за тоа. Можеби сум во рајот токму сега, додека летаме со Ер Форс Уан“, рече Трамп.

Тој повторно ја обвини администрацијата на Џо Бајден за неспособност и истакна дека војната во Украина никогаш немала да се случи доколку изборите во 2020 година не биле „наместени“.

Трамп вчера отпатува во Израел откако Хамас ги ослободи последните 20 заложници што ги држеше две години како дел од големиот мировен договор. Минатата недела, тој најави дека очекува ослободување на заробените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот