Фото: Принтскрин

ВИДЕО | Трамп едвај зборува и се држи за вратата – се тресе претседателскиот авион

Американскиот претседател Доналд Трамп доживеа турбуленции во претседничкиот авион „Air Force One“ при враќањето од азиската турнеја и состанокот со кинескиот лидер Си Џинпинг.

Сцената е забележана на снимка што кружи на социјалните мрежи, на која се гледа Трамп како разговара со новинарите додека авионот се тресе.

„Во Азија има силни ветрови, ова е тежок лет. Можеби можевме да почекаме уште еден час. Тешки услови за интервјуирање. Ќе гледаат на Трамп и ќе речат – не изгледаше баш најдобро“, изјави Трамп со насмевка, обидувајќи се да ја задржи шегата и покрај турбуленциите.

На снимката се слуша и глас, најверојатно на еден од новинарите, кој му дофрла:

„Изгледате прилично стабилно“.

Трамп на тоа само се насмеал.

Да потсетиме, американскиот претседател денес се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг во Бусан, во рамките на својата азиска турнеја. Средбата траела повеќе од еден и пол час, но засега не се откриваат детали за што точно било разговарано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот