ВИДЕО: Трамп ангажираше нови адвокати за процесот на отповикување во Сенатот

Фото: EPA-EFE/KEN CEDENO / POOL

 Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ангажираше двајца нови адвокати за своја одбрана, неколку дена пред процесот на отповикување во Сенатот.

Трамп најави дека одбраната ќе ја водат Дејвид Шон и Брус Л. Кастор јуниор.

Во изјавата на Доналд Трамп се вели дека поранешниот претседател и адвокатите се согласуваат дека отповикувањето е неуставно.

Одлуката за ангажирање нови бранители беше објавена откако петмина адвокати се повлекоа од одбраната поради несогласувања за тоа како да се постапи понатаму.

Како што пренесуваат странските агенции, Трамп сакаше адвокатите да продолжат да ја бранат тезата за масовна проневера на претседателските избори, на кои победи демократот Џо Бајден, наместо да се концентрираат на законитоста на постапката за отповикување на претседател кој не е на оваа функција.

Судењето на Трамп за „поттикнување мотивација” по упадот на приврзаниците на поранешниот претседател во Конгресот на 6 јануари, треба да започне на 9 февруари.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот