ВИДЕО | Тони Зен се враќа на македонската музичка сцена со нов сингл – „Планот“

Фото: Промо

По пауза од подолго време на македонската музичка сцена повторно се враќа човекот кој пред десетина години беше еден од најслушаните изведувачи на домашната музичка естрада.

Тони Петковски, во јавноста познат како Тони Зен, има нов сингл со наслов „Планот“ – Во ова време – невреме за сите уметници, тој одлучи повторно да го прави она што најдобро го знае, а тоа е музиката. Ново време, нови визии, нови цели.

Фото: Стефан Рајхл и Иван Богоевски

– Целата приказна почна од поривот и љубовта за творењето. Се инспирирав од музиката и поддршката на моите пријатели и соработници Нино Васков и Ики, со кои работевме долги години. Идејата со оваа песна е дека сето она што ни било зацртано низ времето го остваруваме и прикажуваме на ваков начин, затоа што ова ни е задача и љубов од многу одамна. Се чувстувам должен кон публиката бидејќи долго време бев отсутен, ова враќање е токму за нив, инспириран од младите, но секако и од постарите артисти, музиката мора да продолжи без оглед на сè. Сакам да се претставам на наш, македонски начин – вели Тони Зен.

Музиката, аранжманот, миксот и мастерот го направија Илија Цветковски – Ики и Нино Васков, а за видео записот одговорен е Огнен Шапковски – „Мелем продукција“.

Инаку, Тони Зен потпиша тригодишен договор со „Прагма продукција“ – продукција која знае како да работи и која ќе стои зад секој негов професионален ангажман. Неговата агенда со настапи е веќе преполна, го очекува богата летна турнеја, а дел од истата ќе биде и „Мандра фестивалот“ во Дојран каде ќе настапат големи музички имиња, вклучувајќи го и Тони. Веќе в сабота, на 2 јули, со Тони ќе имате можност да се дружите во Градскиот парк на „Crazy summer festival“.

Премиерата за новиот сингл „Планот“, ќе се случи денеска во 20 часот на официјалниот јутјуб-канал на Тони Зен.

ВИДЕО | Тони Зен: Музичарите бараат респект и поддршка, а не помош!

*Комерцијална објава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот