ФОТО+ВИДЕО | Тој има 35, таа 58 години: Најзгодниот маж на светот со сопругата го покори Париз
Британскиот актер Арон Тејлор-Џонсон (35) и неговата сопруга Сем Тејлор-Џонсон (58) привлекоа внимание на ревијата на „Сен Лоран“ на Модната недела во Париз.
Препорачано
Двојката, која ретко се појавува во јавност, овој пат одлучи да ги изненади сите присутни и да ги покаже своите модерни комбинации. Може да се каже дека нивниот изглед бил достоен за терминот „моќна двојка“.
View this post on Instagram
Арон, кој се смета за најзгодниот маж на светот, одлучил да се појави во интересен стајлинг за оваа пригода – кафеав кожен мантил кој го искомбинирал со класично издание – црни панталони, бела кошула и вратоврска.
Сем, од друга страна, воодушевила во миди фустан во темнозелена боја. Станува збор за модел кој го краси прав крој и отсуство на детали. Самата креација била дизајнирана за малку полежерна верзија, но режисерката, користејќи паметно избрани детали, ѝ дала поформална нота. Таа се одлучила за високи црни потпетици и го подигна својот изглед на следно ниво. Носела и очила за сонце кои совршено го надополниле нејзиниот стајлинг.
Вљубените очигледно биле расположени, додека насмеани им позирале на насобраните фотографи.
Connor Storrie with Aaron and Sam Taylor-Johnson at the Saint Laurent Show last night in Paris.
Saint Laurent | Instagram. pic.twitter.com/mCeS0OR5M2
— Connor Storrie Photos (@storriephotos) January 28, 2026
За потсетување, Арон и Сем се запознале на снимањето на филмот „Момче од никаде“ (Nowhere Boy), кога Арон имал само 18 години, а Сем 42 години во тоа време.
Актерот своевремено рекол дека знаел дека таа е „вистинската“ штом ја видел, и се покажало дека бил во право.
„Веднаш знаев дека Сем е мојата сродна душа и дека сакам да го поминам остатокот од животот со неа. Добро се сеќавам на тој ден, како и на денот кога ѝ предложив брак“, рекол Арон тогаш.
Тој, исто така, јавно проговорил за тоа како разликата во годините никогаш не била пречка во нивниот однос и дека никогаш не се покајал за својата одлука да се ожени со режисерката.
Познат е главниот фаворит за улогата на Џејмс Бонд: Еден од најзгодните мажи во светот
„Златниот пресек“ пресуди: Ова е најзгодниот славен маж на светот!


