ВИДЕО: Ти Џеј Шортс прв стрелец во новиот триумф на Бон во Бундес лигата

фото: kfsm.mk

Во рамките од 16 коло во најсилното германско кошаркарско првенство составот на Бон на домашен терен убедливо со 108:79 го совлада Олденбург.

Тоа е вкупно 14 победа сезонава за моментно прво место на табелата со 28 бодови, два повеќе од Алба Берлин која има два меча помалку.

Повторно одлични перформанси за Бон покажува новиот македонски репрезентативец Ти Џеј Шортс кој беше прв стрелец.

За скоро 28 минути игра на паркетот нашиот плејмејкер запиша 30 поени, четири скокови и седум асистенции (6/6 од поле, 5/6 за три поени, 3/4 од слободните фрлања).

На видео записот можете да погледнете дел од поените на Шортс на натпреварот против Олденбург:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот