ВИДЕО: Тезична прес-конференција во Ерусалим на израелскиот претседател со светските новинари

Исак Херцог/ Фото EPA-EFE/Chris Kleponis / POOL

Тензична прес-конференција полна со многу силни конфоронтации со странските новинари одржа денеска Израелскиот претседател Исак Херцог во неговата резиденција во Ерусалим.

Херцог, кој важи за благ политичар со умерено однесување, луто реагираше на прашањата на новинарите на Си-Ен-Ен и британскиот канал 4 за тековното бомбардирање на Појасот Газа од страна на израелската армија.

На прашањето на новинар на Си-Ен-Ен, кој го нарече „колективното казнување“ на цивилите во Газа „воено злосторство“, Херцог го повиши гласот и рече:

„Многу сум разочаран што тоа ме прашувате во моментов, зарем не го видовте (масакот во јужен Израел)? Сите го видовте. Значи, сега ја започнуваме реториката за воени злосторства. Навистина? Сериозно?

Херцог повтори дека „Израел го почитува меѓународното право, постапува според меѓународното право“, пишува „Тајмс оф Израел“.

Репортерот на Канал 4 рече дека е „збунет“ од одговорите на Херцог, имајќи предвид дека тој „изгледа ги смета луѓето од Газа одговорни за Хамас“.

Претседателот на Израел налутено го прекина неговото прашање:

„Со сета почит, ако имате проектил во вашата проклета кујна и сакате да го испукате кон мене, дали ми е дозволено да се бранам? Таква е ситуацијата.

Херцог подоцна го отфрли прашањето на новинарот на CNN за тоа дали премиерот Бенјамин Нетанјаху сноси одговорност за неуспехот да се спречи нападот на Хамас, велејќи:

„Ние сме во војна, јас воопшто не се занимавам со ова прашање“.

На прашањето кој е планот на Израел, Херцог одговори дека планот е да се спречи Хамас да повтори таков напад.

„Мораме да се браниме. Имаме целосно право на тоа и крајно време е светот да го разбере тоа“, нагласи израелскиот претседател.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот