ВИДЕО | Тереза Кесовија скршена од тага по загубата на Габи Новак: „Моето срце сега е катедрала исткаена од спомени“
Веста за смртта на Габи Новак го потресе целиот регион. Нејзината најдобра пријателка и колешка Тереза Кесовија сè уште е неутешна поради нејзиното заминување.
Препорачано
Двете легендарни пејачки поминаа незаборавни моменти заедно, но и оние што не беа убави, а често нагласуваа дека знаат да се смеат и да се забавуваат како мали девојчиња и дека возраста не им е пречка да бидат искрени пријателки и да бидат среќни.
Сега, Тереза преку социјалните мрежи ѝ испрати трогателен поздрав на Габи. Објави досега невидени фотографии и видеа од пејачката од нејзината младост, од сцената, но и приватни собири, па дури и патувања со песната „Одлазак“ од Арсен Дедиќ.
„Мојот ангел го нема… Моето срце сега е катедрала исткаена од спомени“, рнапиша Кесовија, предизвикувајќи низа емотивни реакции кај нејзините следбеници.
View this post on Instagram
Инаку, Тереза не се слушнала со Новак, која во последните неколку месеци беше во дом за стари лица на рехабилитација поради повреда на ‘рбетот.
„Имаше тешкотии со зборувањето. Само сакав уште еднаш да дојдам до неа, да ја прегрнам и да ја бакнам. Знаев дека нема да биде долго, знаев. Која мајка може да ја преживее смртта на својот син, Боже мој. Моето сонце“, изјавила Тереза за „Слободна Далмација“.


