ВИДЕО: Тепачката од друг агол – обезбедувањето едвај ги спречи браќата на Јокиќ!

Фото: Принтскрин/твитер/Youtube

Никола Јокиќ имаше блескава сезона во НБА лигата, ја доби наградата за најкорисен играч (МВП), но не можеше да го одведе Денвер до титулата сам. Беа запрени во полуфиналето на Западот, беа елиминирани од Феникс, а Јокиќ беше исклучен на тој натпревар!

Србинот мораше да оди во соблекувалната на крајот од третата четвртина поради грубиот фаул врз Камерон Пејн, а после тоа на теренот се создаде општ хаос.

Јокиќ влезе во физички судир со Девин Букер, кој започна да се пресмета со него, но кога виде колку е посилен и поголем Србинот од него – тој започна да се повлекува, додека другите играчи се обидоа да го запрат центарот на Нагетси.

Интересно е што медиумите го прашаа Јокиќ дали ги забележа браќата на трибините во целата врева, на што тој одговори кратко „не“, но „знае дека тие се секогаш тука за него“, и се покажа така во овој немил случај.

Постарите браќа на Јокиќ, Страхиња и Немања, кои важат за опасни момци, бурно скокнаа од своите седишта, а обезбедувањето мораше веднаш да реагира.

ВИДЕО: „Метла“ за Денвер, Јокиќ исклучен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот