ВИДЕО: „Метла“ за Денвер, Јокиќ исклучен

Девин Букер /Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Кошаркарите на Феникс санс со чисти 4:0 во победи го елиминираа Денвер нагетс во полуфиналето на Западната конференција. Во последниот четврти натпревар кој се играше во Денвер, Феникс славеше со 125:118, а Никола Јокиќ е исклучен поради груб прекршок.

„Сонцата“ во финалето на Западот го чекаат подобриот од вториот дуел каде Јута води со 2:1 во победи против ЛА Клиперс.
Крис Пол им одржа час по кошарка на играчите на Денвер, постигна 37 поени, што е втор негов најдобар учинок во плеј-офот во кариерата. Ветеранот во серијата имаше просек од 24 поени и 10 асистенции по натпревар иако играше со повреда на рамото.
Одлична партија прикажа и Девин Букер кој даде 34 поени, а „сонцата“ во текот на целиот натпревар го контролираа натпреварот.

Играчите на Денвер во неколку наврати успеаја да ја намалата негативата на неколку поени, но пресвртот беше невозможен посебно откако во третата четвртина беше исклучен најдобриот играч, Никола Јокиќ. МВП играчот во регуларниот дел од сезоната во желба да дојде до топката го удри Камерон Пејн по што судиите одлучија да го исклучат поради груб прекршок.
До исклучувањето Никола Јокиќ имаше 22 поени и 11 скокови но повторно изостана поддршката од соиграчите од кои само Мајк Портер јуниор беше расположен за игра со 19 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот