ВИДЕО | Тенката граница на надрилекарството – од забавно, до опасно, разговор со д-р Митов

Мистиката околу надрилекарството секогаш било привлечно на луѓето. Мистичноста се меша со здравствените придобвки и за жал многу пати на штета на пациентот. Има многу проблематични, нејасни, контрадикторни информации.

-Јавноста беше сведок на тоа како разни заклучоци се носеа, и сето тоа наместо да создаде едно сфаќање дека таков е научниот процес, дека така оди сфаќањето на нештата, многу пати место грешки, и сето тоа создаде ефект на дополнителна недоврба. Постои генерална и јасна поврзаност помеѓу нивото на едукација и здравјето. Мене како студент на почетокот ова ми беше нејасно – зошто степенот на едукација директно би бил поврзан со тоа колку еден човек е здрав. Но едно од работите е токму и ова. Колку повеќе луѓе се едуцирани, толку потешко е да паднат како жртви на ова надрилекарство. Голем проблем е што и кај помладата популација, релативно добро едуцирана, овој тип на теории се пробива, изјави во Утрински брифинг, д-р Александар Митов.

-Додека е некаква забава и на ниво на читање хороскоп, до тој момент да речеме дека има некаква прифатливост. Но реалниот проблем е што има луѓе сео сериозни здравствени пробелми и го бараат спасот во надрилекарството и за жал завршиле со многу полошо здравје од претходно. Стравот, очајот и надежта кога се заедно се многуи запалливи материи и тогаш се сооздава иделната почва за манипулација, изјави д-р Митов.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот