ВИДЕО: Талибанците го поставија своето знаме на границата со Пакистан: „Ова е наша територија“

Талибанско знаме на границата со Пакистан/ Фото: EPA-EFE/AKHTER GULFAM

Талибанците го подигнаа нивното знаме на клучниот граничен премин помеѓу Авганистан и Пакистан, тврдејќи дека тоа сега е нивна територија. 

Авганистанските власти негираат дека ја загубиле својата територија, иако како што пренесува Би-Би-Си, Талибанците ја окупирале границата без преголем отпор.  

Талибанците ги предупредиле луѓето дека не смеат да се приближат од пакистанската страна. Потпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи за агенцијата АФП изјавил дека безбедносните сили го одбиле нападот на Талибанците. 

Притисокот на Талибанците во Авганистан сериозно се зголемува секојдневно, а на подвик е граѓанска војна во земјата, откако странските војски по скоро две децении ги напуштија авганистанските бази. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот