Фото: Икс / @forty_tw0 / Лазаров

ВИДЕО | Судот ги ослободи Латас и Лазаров, не биле виновни за тоа што јавно, насмеани, евоцираа спомени од силување

Скопскиот Кривичен суд ги ослободи обвинетите Драган Павловиќ-Латас и јутјуберот Стефан Лазаров, водителот на поткастот во кој гостинот насмеан раскажуваше, а водителот воодушевен слушаше, за вистински случај на злоставување и силување девојка од младоста на Латас.

Како што објави „СДК.мк“, Судот ја сменил првичната пресуда со која Павловиќ-Латас и Лазаров беа осудени, но потоа се жалеа и скопска Апелација го врати предметот на повторно судење. ​На него судеше судијката која го води и предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Диана Груевска-Илиевска, која ја донела ослободителната пресуда. Таа образложила дека делото за кое се обвинети Латас и Лазаров не е кривично дело.

Пресудата, како што забележуваат граѓаните на социјалните мрежи, доаѓа само два дена по ужасниот случај во скопската населба Тафталиџе, во кој мајка се фрли од зграда заедно со своето дете, откако со години постојано трпеле насилство од нивниот сопруг и татко, кое државните институции и служби, државата, не успеале да го казна и да го спречат.

Обвинителот Даниел Коцев најави дека ќе поднесе жалба до Апелација на ослободителната пресуда.

Откако поткастот беше пуштен, а јавноста жестоко реагираше, Секторот за компјутерски криминал на МВР веднаш достави известување до скопското Обвинителство, по што беше отворена истрага, а емисијата беше отстранета од Јутјуб.

Во обвинението пишуваше дека Лазаров и Латас извршиле кривично дело Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г, став 1, во врска со член 22 од Кривичниот законик. Тие „преку компјутерски систем ширеле расистичка и ксенофобична репрезентација на идеја која промовира насилство врз жени, со што предизвикале реакции и чувство на згрозеност и вознемиреност кај јавноста“, пишуваше во обвинителниот акт.

„Навистина ја претеравте“ – мајката на јутјуберот Лазаров ја искина партиската книшка од СДСМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот