ВИДЕО | Страшна сообраќајка во Унгарија: Се судрија 42 возила, изгорени автомобили, луѓе бегаат од хаосот, амбулантни возила полни со пациенти

Foto: Printscreen/RTS

Автопатот М1 во близина на Будимпешта, каде најмалку 42 возила учествуваа во страотниот верижен судар во кој беа повредени 36 лица, од кои едното е пренесено во болница со повреди опасни по живот, попладнево изгледаше како сцена од филм.

„Кога пристигнале пожарникарите, од вкупно 42 возила кои учествувале во несреќата, целосно изгореле 19 автомобили, 1 комбе и кабината на камион. Пожарникарите имаа многу сложена задача на лице место, бидејќи мораа да спречат понатамошно ширење на пожарот, како и да организираат потрага по патници заробени во возилата – изјави Анет Сабо-Бизтрич, портпарол на Управата за катастрофи на округот Фејер.

Брзата помош мораше да згрижи десетици повредени лица. Неколкумина беа пренесени со спасувачки хеликоптер.

На терен за неколку минути пристигнале 70 пожарникари од седум града.

На едно од видеата може да се види мајка како оди со мали деца покрај патот, на неколку метри од нив насекаде има урнатини од автомобили. Прашината и чадот се огромни, бидејќи во верижниот судир покрај автомобили учествувале и камиони, пренесува RTL.hu.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот