Фото: Твитер / принтскрин

ВИДЕО: Српскиот патријарх снимен како гневно куди и навредува жена, реагираат женските здруженија

Снимка на која патријархот на Српската православна црква со бес и омаловажување зборува за жена која ја критикувала Црквата поради нејзините критики за Законот за родово сензитивен јазик, кој деновиве ја бранува српската јавност.

„Ќе плачев, ќе врескав, кога ќе видев кутра жена што си ја менува тезата… Вели дека се бунтуваат против законот за јазик, за родово сензитивниот јазик… Па, јаднице и бедо една,“, рече патријархот Порфирије на снимката, која предизвика реакции од женските здруженија во земјата, но и од експертите за комуникации, кои велат дека е недозволив ваков тон и ваков речник кога јавно се обраќа еден висок црковен достојник.

Професорката на Факултетот за медиуми и комуникации Јелисавета Благојевиќ за „Н1“ вели дека се работи за говор на омраза и дека зачудува гневот, јароста со која се изговорени некои зборови.

„А, тоа не е ни во согласност со етичкиот принцип на религијата, кој гласи „сакај го ближниот како што се сакаш себеси“, вели професорката.

Во соопштение испратено попладнево, СПЦ објаснува дека патријархот Порфириј не ја упатил изјавата кон сите жени, туку само кон извесна државна функционерка.

„Патријархот Порфириј во видеото што се појави на социјалните мрежи „остро и огорчено зборува за кампањата против црквата на некои државни функционери и таканаречените антирежимски медиуми“, велат од СПЦ.

Владимир Обрадовиќ, пратеник од опозициската Партија на слободата и правдата, вели: „Дури имаш дека во Евангелието според Матеј самиот Исус вели „дури и твојот непријател, прегрни го, сакај го, помагај му и слично“. Така што таквите зборови и таквото обраќање не се вклопуваат во ниеден етички принцип на верата“.

Јасно е, објаснува Благојевиќ, дека постојат различни мислења за родово чувствителниот речник – од една страна, оние кои се за неговата примена и оние, како црквата, кои се поконзервативни.

„Да не се правиме наивни и да не велиме – нема спор. Спор има, но тој спор мора да биде во доменот на политичка, аргументирана, дискусија…а не во смисла на ‘кутри, бедни’ и слично. Начинот на кој зборуваше патријархот е дел од политичката некултура што е насекаде околу нас“, смета Благојевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот