Гробаари поддршка за Обрадовиќ / EPA/ANDREJ CUKIC

ВИДЕО | Срцето да ти се скрши: Среќното девојче на Обрадовиќ вчера плачеше на трибините со негова слика во рацете

Koшаркарите на Партизан во рамките од 14. коло во Евролигата играа против Баерн, натпревар во кој славеа со 92-85.

Но, на оваа средба сè беше во знакот на Обрадовиќ бидејќи ова беше прв дуел на „црно-белите“ во Евролигата по неговото заминување.

Навивачите испраќаа свирежи за кошаркарите бидејќи ги сметаат за одговорни за повлекувањето на Обрадовиќ од клупата по серијата слаби резултати.

Камерата во „Арената“ вчера ја забележа и Миња Блажевиќ, девојчето кое важеше за „среќно“ за Обрадовиќ и редовно ја бакнуваше во главата пред домашните дуели во знак на поддршка.

Таа често го пречекуваше Обрадовиќ и на аердромот, а вчера во салата држеше негова слика и не можеше да ги задржи солзите, а не се појави и да го пречека заменикот на Обрадовиќ, Мирко Оцокољиќ кој пристигна како привремено решение.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот