Протест за командантите на косовската УЧК / Фото: Методи Здравев - Слободен печат

ВИДЕО | „Срби, Срби, пи*ка ви матер“ – Скандалозно скандирање на протестот за поддршка на командантите на косовската УЧК

За време на протестот на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, организиран за поддршка на поранешните водачи на Ослободителна војска на Косово – ОВК се слушнаа и навредливи скандирања против Србите, објави Инфомакс.

Иако собирот беше мирен, во еден момент се слушна како поддржувачите скандираат „Срби, Срби пи*ка ви матер“, на албански јазик.

На собирот свое обраќање имаше и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој порача дека е време да се ослободат командантите на ОВК, на кои им се суди во Хагза воени злосторства.

На протестот, присутни се функционери и лидери на албанските партии во Македонија, но има и гости од Албанија и Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот