Протест за командантите на косовската УЧК / Фото: Методи Здравев - Слободен печат

ВИДЕО + ФОТО | Протест за командантите на косовската УЧК: Ечи музика, се вејат знамиња на плоштадот „Скендербег“

Со музика и знамиња почна да се полни плоштадот „Скендербег“ во Скопје, на најавениот протест за поддршка на поранешните команданти на косовската УЧК (Ослободителна војска на Косово – ОВК), на кои им се суди во Хаг за воени злосторства извршени за време на војната во 1998-99 година.

Протест за командантите на косовската УЧК / Фото: Методи Здравев – Слободен печат
Протест за командантите на косовската УЧК / Фото: Методи Здравев – Слободен печат
Протест за командантите на косовската УЧК / Фото: Методи Здравев – Слободен печат
Протест за командантите на косовската УЧК / Фото: Методи Здравев – Слободен печат
Протест за командантите на косовската УЧК / Фото: Методи Здравев – Слободен печат

Меѓу знамињата на УЧК, можат да се видат како се вејат и албанското, американското и знамето на ЕУ, но не и македонско знаме.

Протестот го поддржаа речиси сите лидери на партиите на Албанците во Македонија, меѓу кои и челниците на владејачката коалиција „Вреди“. Под слоганот „Јас сум УЧК“, претседателот на ДУИ Али Ахмети ги покани сите да дојдат на плоштадот „Скендербег“, каде ќе се побара ослободување на командантите на косовската ОВК, предводени од Хашим Тачи, обвинети во Хаг.

Под слоганот „Јас сум УЧК“ Ахмети повикува на масовен протест за поддршка на поранешните водачи на УЧК

Поради протестот, беше најавено засилено полициско обезбедување 24 часа пред и по протестниот марш, исто така ќе се следи секој чекор на демонстрантите, кои се очекува да дојдат од Албанија и од Косово.

Собирот се одржува откако слични протести беа организирани во Тирана и во Приштина.

Ахмети наместо на завршен митинг во Скопје, на протест за УЧК во Тирана

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот