Ахмети на протест за командантите на косовската УЧК / Фото: Методи Здравев - Слободен печат

ФОТО | Ахмети: Албанците зборуваа едногласно – време е нашите момчиња да се вратат дома

И Скопje, по Тирана и Приштина, го положи националниот тест со тоа што се согласи со барањето за слобода и правда за нашите ослободители, порача лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за време на протестот на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, за поддршка на поранешните команданти на косовската УЧК (Ослободителна војска на Косово – ОВК) на кои им се суди во Хаг за воени злосторства извршени за време на војната во 1998-99 година.

Toj за време на својот говор, им се заблагодари на САД, Европската Унија и НАТО за поддршката што ѝ ја дале на ОВК, помагајќи, како што рече, да се запре геноцидот врз народот на Косово.

„Денес сме собрани на плоштадот Скендербег, историско место за границите на Европа, за да не се дозволи негово окупирање. Тука сме во близина на местата каде што дејствувале истакнати личности од нашиот народ, како што се Хасан Приштина, Пјетер Богдани и Неџат Аголи. Хасан Приштина беше убиен за слободата на нацијата, Пјетер Богдани обезбеди европско знаење и филозофија, додека Неџат Аголи беше застрелан од режимот поради неговото барање за слобода, правда и еднаквост за народот“, рече Ахмети.

Тој претходно на Фејсбук објави дека е време да се ослободат командантите на ОВК, на кои им се суди во Хагза воени злосторства.

„Албанците зборуваа едногласно: време е нашите момчиња да се вратат дома!
Во име на народот: Нашите момчиња се невини, нашата борба е чиста!
Војната на ОВК е света и затоа, сите ние, големи и мали, мажи и жени, сме ОВК!
Слава на мачениците на нацијата низ децении и векови, вечни Албанци“ напиша Ахмети на Фејсбук.

На протестот, присутни се функционери и лидери на албанските партии во Македонија, но има и гости од Албанија и Косово.

Ахмети на протест за командантите на косовската УЧК / Фото: Методи Здравев – Слободен печат
Зијадин Села на протест за командантите на косовската УЧК / Фото: Методи Здравев – Слободен печат
Протест за командантите на косовската УЧК / Фото: Методи Здравев – Слободен печат
Протест за командантите на косовската УЧК / Фото: Методи Здравев – Слободен печат
Протест за командантите на косовската УЧК / Фото: Методи Здравев – Слободен печат

Ахмети наместо на завршен митинг во Скопје, на протест за УЧК во Тирана

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот