ФОТО+ВИДЕО | Сплит се најде на насловните на светските медиуми: Девојки си ги покажуваат градите за бесплатен пијалак

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Сплит, како што со години посакуваат граѓаните, се најде на насловните страници на светските магазини, но не по добро, пишува „Слободна Далмација“.

„Пијани Британци повраќаат и се тепаат по улиците на новата престолнина на забавата, додека девојките се соблекуваат голи за бесплатни пијалаци и пијат 10 шотови за 10 секунди“, е насловот на написот во кој британски „Сан“ го опишува „расцветувањето на Медитеранот“.

Новинарот на тој весник го посетил преполниот бар „Шотган шутерс“ (ShotGun shooters), кој, иако има капацитет од само 25 седишта, секоја вечер успева да наточи повеќе од 400 чаши жесток алкохол во грлото на младите кои се во најдобра форма, по цена од четири евра за чаша.

Фото: Принтскрин/ShotGun Shooters Bar

Британските посетителки Стејси и Кејти беа малку ужаснати откако го пробале пијалакот „Anus Burner“, составен од текила, сок од портокал и табаско. Осврнувајќи се на казните што Градот Сплит ги одреди за своите драги гости кои повраќаат и уринираат на неговото наследство на УНЕСКО, Стејси рекла:

„Разбирам зошто не сакаат луѓето да повраќаат на улица, но баровите се толку мали, а често имаат само еден тоалет. Поради сето ова, луѓето мора да се справат ако се чувствуваат лошо. Мислам дека повеќе јавни тоалети би било подобро од казни.“

Таа додала дека  ѝ се допаѓа тоа што во Сплит е можно истовремено да се доживее културата и магијата на ноќниот живот.

Сопственикот на „ShotGun“ Јурај Перишиќ, кој го отворил овој бар пред осум години, вели: „Сплит порано беше навистина здодевно место, но пред неколку години тргна во кул насока и сакав да бидам дел од тоа, па го отворив мојот бар. Кога луѓето првпат ќе нè пронајдат, тие обично се враќаат секоја вечер до крајот од нивниот одмор. Во последната година туризмот доживеа голем пораст. Повеќето луѓе сакаат да се забавуваат. Се чини дека казните не одвраќаат никого“.

За оние кои имаат проблем да изберат алкохол со кој сакаат да се опијанат, Перишиќ осмислил тркало што го прави токму тоа. Исто така, младите девојки имаат можност да му ги покажат голите гради на шанкерот за да добијат бесплатен пијалак по свој избор.

Оние што ќе успеат да испијат 10 чаши за 10 секунди добиваат и бесплатна рунда. Кога новинарот на „Сан“ се осмелил да го проба ова, завршил пред тоалетната школка.

Барот нуди и игра наречена „е… предизвик на главата“ каде на главата на еден гостин е закачено пластично дилдо и доколку другите учесници успеат да стават три неонски прстени на него, целиот бар победува – изненадување! – бесплатен пијалак. Ако не успеат, таа личност им плаќа пијалак на сите гости.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот