ВИДЕО | Спасевска: Печатени учебници мора да има, дигиталниот уред да биде дополнителна алатка

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ до Собранието по втор пат поднесе предлог за покренување иницијатива за распишување референдум за одлучување по нацрт-законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование.

Овластениот застапник на иницијативата, Драгана Спасевска за Утрински брифинг изјави дека не е во ред дете од кревет да се вклучува во настава, да ги мјутнува настаниците.

„Во ред е едно дете нормално да посетува училиште макар и во услови на пандемија, кога веќе другите земји изнајдоа начин и протоколи, до сега ние веќе требаше да имаме протоколи, начини за одвивање на наставата со физичко присуство“, вели Спасевска.

Ако земеме во обзир дека од прво до трето одделение децата одат во училиште и тоа се одвива нормално, без никакви проблеми, не гледам зошто тоа не би се правело и со другите ученици.

Задоволни сме од досегашните протести, поддршката која што ја имаме е голема. Имаме информација дека од Собранието ќе ни дадат зелено светло за новата инцијатива да ја почнеме постапката за референдум.

Во новиот предлог нацрт Закон за учебнции и наставни материјали за основно и средно образование, стоеше дека дигитални учебници ќе има од четврто одделение основно до четврта година средно. Но тој предлог Закон е повлечен и незнам зошто министерката Царовска дава нова изјава дека тоа ќе се практикува само за четврто одделение. Но кога бевме на средба со претставници од МОН и кога директно поставуваме прашања во врска со дигиталните и печатените учебници, тие напоменаа дека доколку сакаме училиштето да испечати хартиен учебник за ученикот тој нема да биде истиот кој што е во електронскиот уред и дека таму ќе има кратење на мултимедијалните содржини, линковите до други алатки, и нема да биде истиот со дигиталниот уред, вели Спасевска.

„Ние не сме против дигитализацијата. Ние сакаме печатени учебници да имаат нашите ученици, дигиталниот уред да биде дополнителна алатка која што ќе се користи во образовниот процес“, додава Спасевска.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот