ВИДЕО: Спасеновски „бронзен“ на Европското првенство во карате во Турција

Петар Спасеновски високо поразен од Мароканецот Набил Еч-Чаби/Фото: Принтскрин/World Karate Federation

Голем успех оствари македонскиот каратист Петар Спасеновски освојувајќи го бронзениот медал на Европското првенство во Газиантеп, Турција.

Спасеновски во категоријата до 84 килограми во битката за бронзата триумфираше со резултат 2:0 против домашниот натпреварувач Мурат Оз.

Во претходните борби Спасеновски го совлада лука Ретенбахер од Австрија (3:0), следуваше триумф над Босанецот Мерис Муховиќ, со 3:2 славеше победа против Шпанецот Хосе Рафаел Саенз-Торе, а во полуфиналето со 3:0 загуби од Енес Гарибовиќ.

Во женска конкуренција македонската каратистка Вероника Костовска во борбата за бронзениот медал во категоријата до 61 килограм загуби од Французинката Лаура Сивер со 6:3.

На ова 57. по ред Европско првенство учествуваат над 500 натпреварувачи од 45 земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот