ВИДЕО | Смилковски за КК ТФТ: Клубот се издржува од фанатици, ова што го правиме се граничи со фантазија, со лудило

Клубот оригинално е формиран од група ентузијасти, маалски луѓе во 2010 година. Кога дојде време да дадеме име на клубот го крстевме ТФТ (тафта – скратено од Тафталиџе). Баравме влез и во друштвото на најдобрите, влеговме и имаме цел да останеме тука, изјави во Утрински брифинг Боро Смилковски, тренер и директор на КК ТФТ.

Клубот се издржува од „фанатици“. Сето она што го правиме се граничи со фантазија, со лудило. Секојдневно доаѓаме до луѓе кои препознааваат дека креираме приказна поинаква од стереотипите во спортот. Во поново време наидуваме на луѓе кои не препознаваат и ни помагаат. Но се уште главниот фонд на финасирање е од фанатици. Морам да наппоменам дека наидуваме на поддршка од оштина Карпош и градоначалникот е еден од поголемите фанови на нашиот клуб, вели Смилковски.

Ние сме една млада екипа, но направен е спој на ветерани, млади, странски играчи и мислам дека некои вредности кои ги негуваме надворт од теренот, градиме еден култ на фамилија, се донесе позитивна енергија која придонесува за успехот од почетокот на сезонава, изјави Смилковски.

Целиот разговор со тренерот и директорот на ТФТ Боро Смилковски погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот