ВИДЕО | Случај Лев Тахор: Зрело ли е македонското општество да ги прифаќа различностите

Самет Шабани од „Хоризон цивитас“
Самет Шабани од „Хоризон цивитас“ / Утрински брифинг

Тоа што се случи во последните три дена со Заедницатаа на верници од еврејска припадност Лев Тахор, е класична рефлексија на тоа како реагираме на она што е различно од нас.

-Треба да бидеме внимателни на тоа на што поточно се спротивставуваме. Ако линијата на спротивставување е во насока на тоа дека која било друга група верници или кој било друг поединец во општеството поттикнува психичко или физичко насилство тогаш е момент кога треба да се спротивставиме, вели за Утрински брифинг Самет Шабани од „Хоризон цивитас“ – Здружение за граѓански активизам и поттикнување на општествена одговорност.

Шабани додава дека ако доменот на спротивставување е во насока на тоа дека групата се облекува различно од другите, или начинот на облекување е различно од т.н норма во општествата, всушност докажува дека не сме доволно зрели да прифаќаме нешто различно од нас.

Ова е дел од разговорот со Шабани околу темата за припадниците на еврејска верска група Лев Тахор, кои деновиве престојуваа во Куманово и беа мета на негативни реакции од месното население.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот