ВИДЕО | Славе Димитров за „Утрински печат“: ЗАМП те тужи, ЗАМП те суди
Одделението за авторско и сродно право си врши инспекција самото на себе во стилот „кадија те тужи кадија ти суди“. Ова за емисијата „Утрински печат“ на Слободна ТВ го изјави Славе Димитров, доајен на македонското музичко творештво, композитор, продуцент, музички уредник и долгогодишен борец за правата на музичките творци.
Препорачано
– Здружението ЗАМП е организација на автори на музички дела чија единствена функција и должност е врз основа на издадена дозвола од Министерството за култура на територијата на нашата држава, во име и за сметка на македонските и странските автори на музички дела, во име на авторите за нивна сметка да управува со прибирањето на надоместоците од корисниците кои јавно емитуваат објавени музички дела од репертоарот на ЗАМП. Прибраните надоместоци, соодветно и правично, поединечно да им ги исплатат на авторите, откако здружението за покривање на трошоците ќе задржи најмногу до 15 отсто од прибраните средства. Министерството за култура е надлежен државен орган чија единствена функција и должност е врз основа на законите, да издава дозволи колективно управување на организации за колективно управување на авторските мали права и сродни права, да врши надзор на нивната работа, da презема соодветни мерки и одзема дозволи за колективно управување – ja објасни Димитров работата на ЗАМП и Министерството за култура во функција на заштита на авторските права.
Со неговото 24-годишно искуство и придонес во одбраната на заштита на малите авторски права и неговите уставни иницијативи, врз чија основа ЗАМП бил задолжен да донесе нови општи акти, Димитров ја прифатил понудата на Собранието на ЗАМП да биде претседател на Управниот одбор на ЗАМП со мандат од четири години.
– Во првите шест месеци од мандатот, заедно со претседателот на Собранието на ЗАМП, проф. Живоин Глишиќ, и потпретседателот на Управниот одбор, Георги Барбаровски, подготвивме Предлог-програма за работа на Здружението во мандатниот период. Главна цел на програмата беше донесување правилници врз чија основа ЗАМП во целост од аналоген ќе премине во дигитален начин на администрирање на документацијата, контрола на пријавување авторски дела, прибирање и администрирање на програми од корисниците, како и распределување на авторските надоместоци. Предлог-програмата едноглсано беше усвоена од Управниот одбор и Собранието на ЗАМП – вели Димитров.
Димитров изјави дека по усвојувањето на Програмата кога требало да се пристапи кон нејзина реализација, Управниот одбор утврдил дека директорот на стручната служба на ЗАМП, распределбата и исплаќањето на платите ги вршел без одлука на Управниот одбор и низа други нерегуларности во работата на ЗАМП. По ова следувало разрешување од функциите на Славе Димитров, Живоин Глишиќ, како и авторите Георги Барбаровски и Александар Ристовски-Принц и нивна замена со Владимир Дојчиновски и Борче Нечовски.
Поради утврдување на повреда на неколку членови од Законот за авторско право и сродни права, Димитров поднел барање за вршење вонреден инспекциски надзор во Министерството за култура, по што министерката за култура во април минатата година ги задолжила државните службеници да извршат повторен надзор на претседателот на Собранието и на претстедателот на Управниот одбор на ЗАМП, како и да достават записник до Министерството за култура и до подносителот на барањето Славе Димитров.
– Меѓутоа, од нивна страна и покрај изминати шест месеци од задолжението на министерката, записник од извршен надзор воопшто не беше доставен до мене. На мое барање, согласно Законот за пристап до јавни информации наместо записник, на мојата адреса беше доставен само извештај од извршен увид во ЗАМП – вели Димитров.
Повеќе од разговорот со Славе Димитров погледнете на следниот линк:


