ВИДЕО | Скопска девојка со светски шмек: Маргарита Маги Бакев отворено за бракот, децата, разводот, кариерата – Животот нема репризи, после секој пад продолжуваме уште посмело напред

Можете да ја почитувате бидејќи е 100 % искрена, или да ја сметате за арогантна и дрска поради истата причина. Сеедно, таа ќе си „тера’ по свое насмеана, полна со самодоверба, храбра и упорна во секој миг од животот.

Животот не бил секогаш милостив кон неа, особено поради трите загуби на нејзините тројца идоли: нејзиниот дедо Марко, чичкото (кошаркарската легенда Благоја Георгиевски Буштур) и нејзиниот татко Никола.

Фото: Слободен Печат.

Но, истовремено, Маги има и три добивки: двете дечиња Лиа и Пано од првиот брак и шестнаесетмесечниот син Миха Тито од вонбрачната заедница, за која вели дека била единствена грешка во нејзиниот живот, односно изборот на тој човек. За распадот на оваа заедница, која траела многу кратко вели: „Не сум жена која сака да биде домаќинка. Иако, знам да готвам и сакам тоа да го правам, но не кога некој ми наредува“.

Фото: Слободна ТВ

Кариерно, никогаш не престанала да се надоградува и да се бори за повеќе и повеќе, бидејќи, како што вели: „Парите се средство за живот со кои задоволувам некои потреби, не се самиот живот“. Со оглед на тоа што била директорка на паркинзи Центар, регионален директор на хрватската компанија КУМАЛ, па директорка во Тинекс, тешко ѝ било потоа да работи за други, па затоа започнува со сопствен бизнис

. Еден совет од Буштур ќе ја следи во текот на професионалната кариера. „Еднаш директор – секогаш директор“ па така најавува нешто посебно за многу скоро време, луксузен бизнис во Македонија.

За сето ова, и многу повеќе, без ниту една забранета тема, зборуваме со Маги во видеото во продолжение. Уживајте!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот