ВИДЕО: Силното невреме во Полска усмрти четири лица

Полска невреме/ Фото Screenshot Youtube

Најмалку четири лица во Полска загинаа во силното невреме што денеска погоди неколку европски земји.

Невремето најсилно го погоди регионот Вроцлав, во западна Полска. Сообраќајот беше прекинат во некои делови од земјата, а силниот ветер собори дрвја и столбови и оштети неколку згради.

Невремето ги зафати и француските региони Бретања и Нормандија, каде беа оштетени неколку куќи, а околу 250.000 домаќинства останаа без струја. Во Нормандија ветерот достигна брзина од 175 километри на час.

Погодени се и Германија, Холандија и Белгија, каде се оштетени покривите на многу згради, вклучително и дел од стадионот во Антверпен, пренесе АП.

Четири лица се повредени во холандскиот Барендрехт, а на југот на Англија е издадено предупредување за поплави поради обилните врнежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот