ВИДЕО | Шумските пожари во Италија зедоа две жртви, телата пронајдени на фарма во Сан Лоренцо

Пожари Италија / Фото ЕПА

Во шумските пожари што горат низ јужна Италија загинаа две лица на фарма во Сан Лоренцо во регионот Калабрија.

Телата на маж и жена се пронајдени на фарма во Сан Лоренцо, откако пожарот зафати плевна и друга зграда.

Италијанската новинска агенција наведува дека парот се обидувал да ја спаси маслиновата градина од пожарот.

Во изминатите неколку денови, делови од јужна Италија беа зафатени од пожари, а најтешко погодени се Калабрија, Сицилија и Пуља.

Метеоролозите за викендот предвидуваат многу висока температура до 45 Целзиусови степени.

Властите поставија надзорни камери во руралните области за да ги фатат луѓето кои намерно ги палат нивите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот