ВИДЕО | ШТО СЕ СЛУЧУВА: Мистериозниот монолит исчезна од Романија, за сега нов да се појави во Калифорнија

Нов мистериозен метален монолит „никна“ на врв на планина во Калифорнија, една недела откако слична структура во непристапна област во пустина во американската држава Јута го задржа вниманието на милион луѓе ширум светот, пишува Гардијан.

Фотографии од мистериозниот монолит кои ги објави Одделот за јавна безбедност на Јута, САД / 24 ноември 2020 / Фото: EPA-EFE/Utah Department of Public Safety HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Неколку дена подоцна, монолитот од Јута исчезна преку ноќ, а следниот ден слична метална плочка беше забележана и во Романија, но завчера исчезна и оттаму.

Локалниот весник од малиот град Атаскадеро во централна Калифорнија пишува дека ваков мистериозен монолит бил забележан на врвот на планината Пајн, каде стотици луѓе се искачиле за да го видат и да споделат фотографии на социјалните медиуми.

„Огромна тространа метална плочка, висока 3,5 метри „никна“ на врвот од планината.“, пишува локалниот медиум.

И овој монолит е во слична големина со оние што претходно беа забележани во пустината во Јута и Романија.

Објектот висок 3,6 метри беше поставен во почвата во тешко достапна област во пустината во американската држава Јута / Фото: EPA-EFE/Utah Department of Public Safety HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Сепак, за разлика од „братучедот“ монолит во Јута, што беше убаво закотвен меѓу карпите, монолитот на врвот од планината Пајн бил „лабав“, односно малку се нишал, па локалниот весник пишува дека доколку некој се обиде да го бутне, најверојатно струкутрата ќе падне.

ВИДЕО | МИСТЕРИЈАТА СЕ ПРОДЛАБОЧУВА: Монолитот кој „никна“ во американската пустина, сега се појави во Романија

 

Објектот првично е забележан минатата недела од пилот кој управувал со хеликоптер, придружуван со уште неколку лица. Тимот летал во пределот со цел прибирање точна бројка на овци со големи рогови за годишниот државен извештај.

Штом го забележале мистериозниот монолит, веднаш се сетиле на култниот филм 2001: Одисеја на Стенли Кјубрик, но признаваат дека низ глава им поминале мисли дека можеби станува збор за дело на вонземјани.

Ова е најчудното нешто со кое досега сум се сретнал сите овие години летајќи над земјата! Еден од биолозите го забележа и веднаш прелетавме над огромната плочка. Беше запрепастен, ми рече -чекај, чекај, сврти се, сврти се!- по што го прашав зачудено, што се случи?, а тој ми одговори – видов нешто доле, мора да видиме што е!“, изјавил пилотот, а пренесе Гардијан.

ВИДЕО | „Ова е неверојатно“: Американските власти зачудени откако среде пустина пронајдоа мистериозен монолит

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот