ВИДЕО: Шпанска тенисерка го предаде мечот во Токио поради топлотен удар

Фото: EPA-EFE/Leszek Szymanski

Огромната жештина во Токио ја спречи шпанската тенисерка Паула Бадоса да се бори достоинствено за полуфиналето на Олимписките игри.

Бадоса го предаде четвртфиналниот меч против чешката натпреварувачка Маркета Вондрушова откако го загуби првиот сет со 6:3.

Шпанскате нисерка неколку пати бараше лекарска помош, поради високата температура, ставаше ладни кеси на вратот за да се олади, но не можеше да го продолжи мечот.

На крајот, таа дури го напушти теренот во инвалидска количка, додека главата ѝ беше покриена со крпа.

Вондрушова во полуфиналето ќе игра против Украинката Елина Свитолина која претходно ја елиминираше Италијанката Камила Џорџи двапати со 6:4.

Втората полуфинална двојка на женскиот тениски турнир ќе се формира по одигрувањето на четвртфиналните двојки Пављученкова – Бенчиќ и Рибакина – Мугуруза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот