ВИДЕО: Шоу на Гнабри и Левандовски против Штутгарт

Лесна победа за Баверн во Бундеслигата/ фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Фудбалерите на Баерн Минхен остварија убедлив триумф од 0:5 на гостувањето кај Штутгарт во рамки на 16 коло од Бундеслигата.

На „Мерцедес Бенц Арената“ во Штутгарт блескаше Серж Гнабри кој постигна хет-трик  и имаше две асистенции, додека останатите два гола беа дело на Роберт Левандовски.

Резултатот го отвори Гнабри во 40 минута, а на стартот од вториот дел зголеми на 0:2. Потоа на сцена стапи Левандовски со два брзи гола, во 69 и 72 минута. Точка на натпреварот стави Гнабри во 74 минута.

Ова беше 13 победа за Баерн Минхен во Бундеслигата и сега има 40 бода, дури девет повеќе од Борусија Дортмунд која има натпревар помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот