ВИДЕО: Шокантно прашање за Тен Хаг и Манчестер јунајтед

Ерик тен Хаг/фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

На социјалните мрежи се појави клип од интервјуто на менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, кое предизвика сериозно незадоволство кај навивачите на овој англиски фудбалски клуб.

Имено, менаџерот на „црвените ѓаволи“ зборуваше за локалната телевизија „ТНТ“, а најинтересниот дел бил кога новинарот го прашал за претстојната тешка недела.

– Ви претстои голема недела, затоа што ви следува меч со Њукасл. Знаеме дека секоја недела, откако сте тука веќе 18 месеци, е голема за вас – започна новинарот.

А потоа продолжи:

„Но, оваа навистина ви изгледа важна и може да ја подобри сезоната или да донесе нова криза, која ние однадвор сакаме да ја гледаме“.

Тен Хаг на почетокот ја задржа присебноста, иако прашањето очигледно не му се допадна, па одговори со:

Ви се допаѓа тоа?“

Следуваше одговор:

Па… Претпоставувам дека е така“, рече новинарот.

Менаџерот добро ја прифати целата приказна, иако имаше видлива иритација во неговиот одговор:

„Добро, тоа е сосема искрено, тоа сакате да го видите, но не ни е грижа… – рече Тен Хаг.

ВИДЕО | Голеада и многу грешки во Истанбул: Манчестер Јунајтед испушти победа против Галатасарај

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот